„Клуб без вредност. Тим без поддршка“ – Жалгирис има „ривалски“ проблем

Литванскиот евролигаш Жалгирис пред самиот почеток на новата евролигашка сезона се соочува со голем проблем кога станува збор, но не во играчкиот кадар туку во поддршката од навивачите.

Имено, најверните навивачи на легендарниот литвански клуб, популарните „Green White Boys“ објавија дека ја прекинуваат поддршката кон клубот поради серија на потези на раководстовото на клубот кои се спротивставуваат на нивниот поглед на клубот кој воопшто не е со цел профит и брендирање.

Најверните навивачи на „зелено-белите“ не присуствуваа на натпреварот против Јонава на стартот на литванското првенство и истиот го проследија пред салата каде беше истакнат и транспарент „Клуб без вредност. Тим без поддршка“.

Овој потег доаѓа по ангажманот на 23-годишниот литвански кошаркар Ажуолас Тубелис кој претходно настапуваше за најголемиот ривал Ритас Вилнус.

Се вчитува...