Шпанската кошаркарска федерација го назначи Чус Матео за нов селектор на „црвената фурија“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид со тоа го наследи новиот шеф на кралскиот тим, Серхио Скариоло, кој беше на чело на националниот тим повеќе од десет години.
Шпанија доживеа вистински дебакл на последното Европско првенство, завршувајќи го натпреварувањето уште во групната фаза.
Една од најтрофејните репрезентации во Европа минува низ генерациска смена, пред сè поради заминувањето на некои важни играчи од тимот, па сега ‘рбетот на тимот го сочинуваат помлади играчи.
Матео се приклучува на шпанската репрезентација по две сезони минати во тимот на Реал Мадрид, со кој успеа да стигне до европската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

