Директорот на Башкими: Стравот на Миравци почна многу рано!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) престојниот меч меѓу Башкими и Вардар го прогласи за натпревар од висок ризик.

За оваа одлука веднаш се пожалија од кумановскиот тим, а реакцијата ја пренесе спортскиот директор на клубот Бурак Хида.

Во понеделник Башкими во Куманово ќе го пречека Вардар во меч од осмото коло во Првата македонска лига.

„Еве доказ (документот за меч со висок ризик) дека стравот на Миравци почна рано. Залудно е, бидејќи ќе доживеете пекол во Куманово. Не дојдовме до тука со измама, туку со моќ, страдање и бес. Ние не простуваме на никого, без разлика кои сте вие, бидејќи ние не простуваме неправда ниту секунда“, изјави Бурак Хида за „ОпенТВ“.

Се вчитува...