Според американските медиуми, раководството на Лос Анџелес лејкерс одбило да преговара со Леброн Џејмс за кратко продолжување на договорот според формулата „еден плус еден“, што создало видливи тензии пред почетокот на новата НБА сезона.
Леброн е врзан со Лејкерс уште една година и би можел да стане слободен агент во летото 2026 година.
„Тој очигледно сакаше продолжување, но Лејкерс не му го дадоа“, изјави извор од НБА.
Сега генералниот менаџер Роб Пелинка треба да донесе голема одлука во врска со иднината на легендата на франшизата.
„Се чувствуваше како воопшто да немало преговори. Со тоа што не му понудија продолжување, Лејкерс му ги врзаа рацете на Леброн“, изјави еден извршен директор на НБА за американските медиуми.
Со доаѓањето на Лука Дончиќ, Лејкерс го префрлија својот фокус и Џејмс повеќе не е центарот на франшизата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

