Ал Хорфорд е нов кошаркар на Голден Стејт

Искусниот Ал Хорфорд во новата сезона ќе биде нов стартен центар на Голден Стејт со кој ќе потпише повеќегодишен договор, пренесуваат американските медиуми.

Хорфорд наближува кон 40-тата година од својот живот, но нема намера да ги „закачи патиките“ и се очекува да има клучна улога во поранешниот доминантен тим и во годините кои следат.

Хорфорд кој во текот на кариерата настапуваше за Атланта, Бостон, Филаделфија и Оклахома носи и шампионско искуство во Голден Стејт со освоената титула во 2024 година.

Се вчитува...