МЗТ Скопје ја започна новата сезона на начинот на кој ја заврши старата радувајќи се на трофеј. Овој пат избраниците на Васко Атанасов се намачија да слават во Суперкуп финалето против Кожув, но на крилја на неверојатниот Војдан Стојановски успеаја да се закитат со осмиот трофеј во натпреварувањето кое означува нов почеток на возбудувањата.
За МЗТ Скопје кој во своите витрини има и 12 титули од домашното првенство и 13 титули во Купот на Македонија овој трофеј е вкупно 33. во историјата со што сега има вкупно пет повеќе од градскиот ривал Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

