ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Во најновата епизода на подкастот „ПРЕСИНГ“ решивме да се посветиме на кошарката, спортот што пред повеќе од една деценија беше број 1 во Македонија, но за жал го загуби тој примат.
Пред стартот на сезоната во која МЗТ Скопје го брани тронот, наши гости се творците на првата титула на аеродромци, тренерот Александар Тодоров и директорот Ѓорѓе Војновиќ. Станува збор за добро познати кошаркарски личности, поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓе Војновиќ, сега и едно од најпрепознатливите имиња во бизнис секторот на Македонија прогласен минатата година за менаџер на годината во Македонија како Главен Извршен директор на Триглав Осигурување, но и кошаркарски функционер – еден од творците на генерацијата која во 2011 година го постигна најголемиот историски успех на македонската кошарка на Европското првенство во Литванија. Заедно со поранешниот македонски селектор и долгогодишен истакнат спортски работник, трофеен тренер Александар Тодоров – творците на првата титула на МЗТ Скопје во неговата историја, во ПРЕСИНГ говорат отворено на бројни теми, со анегдоти од почетоците на македонската репрезентација, првата титула на МЗТ… но и свои ставови за сериозни теми – како причините поради кои кошарката, но и спортот воопшто не се наоѓаат на посакуваното ниво.
Низ максимално интересен разговор Тодоров и Војновиќ, заедно со новинарот на ЕКИПА, Никола Станикевски, отворено зборуваат:
- За првата меѓусебна средба, тогаш Тодоров како новинар, Војновиќ како играч на Работнички.
- За „баксузните“ порази на МЗТ и „овцата“ обоена во црвено во „лимекната“, па петте тројки со кои Аеродром тогаш остана без титула
- Како Тодор Гечевски „преку ноќ“ стана играч на МЗТ Скопје.
- За спомените од шампионската прослава во Аеродром.
- За првиот настап на македонската репрезентација… со дресови на КК Работнички
- Како Душан Боцевски го чуваше Мурешан… Советите од легендарниот Буштур.
- Тодоров за првпат беше тренер на МЗТ на 26-годишна возраст, токму со Војновиќ како капитен на таа екипа.
- Како Работнички „побегна“ од Сараево помалку од 24 часа пред почетокот на војната во БиХ…
- Како Тодоров прв му кажал на Војновиќ дека ќе стане генерален секретар во федерацијата, додека тој уште беше играч!
- Што беше клучниот момент по кој клупската кошарка почна тоне…
- Како ракометот благодарение на еден човек стана спорт број 1 во Македонија?
- Зошто ваучер-системот е апсолутно погрешен начин на финансирање во спортот?
- Зошто државата треба да ги помага федерациите, а не клубовите во сите можни спортови?
- Зошто долгорочен стабилен проект е многу поважен од инстант-успех…
- Како да се мотивираат компаниите за инвестирање во македонскиот спорт?
ГЛЕДАЈТЕ ЈА СЕДМАТА ЕПИЗОДА НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ – ОВОЈ ПАТ СО ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ И АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ….
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

