Денвер Нагетс ги започнаа подготовките за новата НБА сезона. Традиционално првиот ден е посветен за медиумите пред кои и овој пат говореше најголемата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ.
Со оглед на тоа што договорот на српската ѕвезда истекува во 2027 година се појавија разни гласини за негово заминување од Денвер и преселба во Лос Анџелес каде би создал застрашувачки тандем со Лука Дончиќ, но според неговата последна изјава шансите тоа да се случи се минимални.
„Не размислувам за нов договор. Продолжувањето на соработката доаѓа природно, поготово како денеска се тоа функционира. Мојот план е да бидам „Нагет“ засекогаш“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

