Верувале или не Виктор Вембанјама продолжува да расте. За време на медиумскиот ден пред почетокот на новата НБА сезона, центарот на Сан Антонио спарс официјално беше висок 2 метри и 23,5 сантиметри. А тоа е за 2,5 сантиметри повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Дури и минатата сезона, Спарс веруваше дека неговото тело сè уште се развива, а сега, на 21 година, е значително повисок. Тренерот на Спарс потврди дека Вембанјама добил дозвола да игра и дека проблемот со повредата на рамото е зад младиот Французин.
„Работев толку многу на моето тело, што повеќе нема простор за никаков напредок. Можно е да се напредува само до одреден степен, и мислам дека го достигнав максимумот што е можен помеѓу две сезони. Сега треба да играм кошарка“, рече Вембанјама.
До повредата во февруари, Вембанјама минатата сезона одигра 46 натпревари, постигнувајќи просек од 24,3 поени со 11 скока и 3,8 блокади.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

