Душан Алимпијевиќ и официјално е именуван за нов селектор на српската кошаркарска репрезентација, информираат од Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Алимпијевиќ ја презеде селекторската функција од Светислав Пешиќ, кој официјално го заврши својот мандат на клупата на репрезентацијата. Алимпијевиќ моментално е тренер на Бешикташ, тим кој се натпреварува во Еврокупот, па претстојните рокови во квалификациите за Мундобаскет нема да бидат проблем за него, бидејќи тогаш нема да има натпревари во второто најсилно натпреварување во клупската кошарка.
Пред Алимпијевиќ е задачата да се квалификува за Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар во 2027 година. Мандатот на Светислав Пешиќ истече, а неговото последно натпреварување беше Европското првенство, каде што Србија доживеа вистински дебакл со поразот од Финска во осминафиналето.
Во својата тренерска кариера, Алимпијевиќ работеше во ФМП, Црвена звезда, Бурса и Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

