Богдановиќ неизвесен за стартот на НБА лигата

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ заработи тешка повреда на Евробаскетот по што најверојатно ќе го пропушти и почетокот на новата сезона во НБА.

Станува збор за парцијално кинење на проксималната тетива на задната ложа поради која се уште е надвор од тренажен процес, откри претседателот на кошаркарските операции на Лос Анџелес Клиперс, Лоренс Френк.

Новата сезона во НБА започнува на 22. октомври, а покрај Богдановиќ, Клиперс нема да можат да сметаат ниту на Бред Бил.

Се вчитува...