Алкараз за еден ден заработи 1.4 милиони долари, му се „смешка“ и бонус од 4.5 милиони долари

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз доминира на тениските терени. Првиот тенисер на светот на мастерсот во Токио стигна до нов титула добивајќи го финалето против Американецот Тејлор Фриц и за овој успех заработи 416 илјади долари.

Покрај самата награда од Токио, Алкараз доби и бонус од милион долари бидејќи оваа сезона собра најголем број на бодови на турнирите од серијата 500. Победи во Ротердам, Квинс и Токио, играше финале во Барселона и четвртфинале во Доха па со 1.930 освоени бодови е далеку пред конкурентите.

Алкараз ја предводи и листата на тенисери со најголем број на освоени бодови на турнирите од мастерс 1000 серијата каде има вкупно 3.410, далеку пред Драпер и Мусети па како водечки му се „смешка“ и бонус од 4.5 милиони долари од вкупниот фонд кој брои 21 милион долари.

Се вчитува...