По освоениот бод против Вардар, екипата на Башкими се подготвува за дуелот против АП Брера во Струмица. Со истиот пристап како против Вардар и без никакво потценување, се чини дека тоа е рецептот за успех на екипата од Куманово. Голманот на Башкими, Лука Стојковски, верува дека подготовките за овој дуел поминале во најдобар ред и со позитивна енергија ќе се пристапи на натпреварот во Струмица.
„Атмосферата по Вардар е на високо ниво и се подготвуваме за натпреварот против АП Брера, каде што гостуваме во Струмица. Подготовките за овој натпревар поминаа одлично. Добро го анализиравме противникот и одиме во Струмица да се надигруваме“, вели Стојковски.
Стојковски верува дека Башкими ќе се врати со полн плен од Струмица.
„Се работи за сериозна екипа со млади играчи. Секој натпревар е тежок, но во Прва Лига нема лесен натпревар. Не го потценувам противникот, но Башкими кај и да гостува, ние одиме на трите бода, така и ќе биде и сега. Максимално сме подготвени за овој натпревар и сакаме да се вратиме од Струмица со три бода во Куманово”, заврши Стојковски.
Натпреварот меѓу АП Брера и Башкими се игра на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 15.00 часот.
ПМФЛ 9. КОЛО:
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
ДЕНЕСКА:
(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ
(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА:
(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ
(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ПОНЕДЕЛНИК:
(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

