ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Дерби за мерак на Арената, на ВАР (не) треба да му се верува

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 9. КОЛО

Деветото коло мина во знакот на ремија. Од шест натпревари, четири завршија без победник. Победија само Силекс и Македонија ЃП кои ги совладаа своите ривали Тиквеш и Арсими. Македонија ЃП ја имаше најубедливата победа, а во Кратово Љупче Џеков го „одбрани“ триумфот на Силекс по раното водство. И кратовци имаа шанси за 2-0, но не ги искористија, па триумфот „висеше“ до последен миг. Меѓутоа феноменалниот Џеков со неколку интервенции успеа да ја сочува мрежата и пред се победата на својот тим. Дербито онака како што се посакуваше. Со четири гола, два во мрежата, а немаше да биде незаслужено доколку некој ја однесеше победата. Вардар промаши пенал, Струга ТЛ потоа и шанса за 1-3, па на крајот Јанкулов со убав гол донесе бод за Вардар. Продолжува и битката за првото место меѓу овие два тима, а тука се вклучува и Шкендија. Тетовскиот тим во последно време игра се потешко. Тешки се нозете на момците на Јетон Беќири, не се издржува овој ритам Европа – Македонија, но ќе мора да се најде решение особено сега кога почнува разврската за битката за првото место пред паузата, а секој бод на крајот ќе може да се покаже важен за титулата на крај. Колото го одбележа и еден момент од мечот во Струмица помеѓу АП Брера и Башкими. Гостите водеа со 0-1, а потоа домашниот тим доби неочекуван пенал по еден дуел на Пановски со противнички играч. Ниту самите фудбалери на Брера не се надеваа дека тоа е удар од белата точка, но Пларент Салихи покажа на белата точка. Според ФФМ, ВАР реагирал во оваа ситуација, и го повикала Салихи да погледне, меѓутоа тој „не му верува“ на ВАР, не го прифаќа советот од ВАР собата, и одлучува да остане на првично донесената одлука. ФФМ ја призна грешката, го промени Салихи и од ВАР судија веќе на утрешното дерби Вардар – Струга ТЛ. Реагираше Башкими, а по признавањето на грешката, потоа го прифати извинувањето. Но, Башкими со ова остана без два бода, односно Ндзенгуе во клучните моменти го погоди пеналот и донесе бод за АП Брера. Зошто Салихи не му веруваше на ВАР, иако беше да погледне, останува непознато. Меѓутоа Салихи не е единствен кој не му веруваше на ВАР. Истото го стори и Стојанче Стојанов, кој досуди пенал за Вардар во дуелот со Струга ТЛ, и доби повик од ВАР собата. Но, Стојанов остана на својата одлука дека има удар од 11 метри. Ова коло ќе остане запаметено и по првиот бод на Шкупи во оваа сезона. Го освои против Работнички. Шкупи успеа да се одбрани а вистински херој на оваа екипа е Адонис Милај кој во една ситуација на двапати спасуваше од гол линијата. Шкупи се радува на бодот, но Работнички нема причини за радост затоа што овој тим и дефинитивно влезе во криза со последните резултати и се најде во многу опасна ситуација.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Љупче Џеков (Силекс)

Силекс рано имаше водство против Силекс, и шанса за 2-0, а потоа Тиквеш се обиде да дојде до израмнување и до бод(ови) во Кратово. Но, на голот домаќинот го имаше расположениот Љупче Џеков, кој што одбрани три зицери, неколку тешки удари на противниците кои на крајот останаа само на еден гол, а со чиста мрежа благодарение токму на Џеков. Треба да се напомене дека Силекс два пати ја погоди и стативата.

================================

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)

Во коло во кое доминираа нерешените резултати, најубедливата победа ја оствари тимот на Македонија ЃП. Со дури 4-1 го совлада тимот на Арсими, и нивниот тренер Бобан Грнчаров го понесува епитетот тренер на колото. Ѓорчепетровци го надиграа својот противник, го победија и испливаа кон средината на табелата. Дефинитивно „лавовите“ оваа сезона се тим за респект, и тешко се добиваат особено кога играат на свој терен како што беше случај со Арсими.

==============================

 

 

 

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Роџерс Мато (Вардар)

Само неколку минути откако не успеа да искористи пенал, играчот на Вардар Роџерс Мато постигна одличен гол за 1-1. Напаѓачот на „црвено-црните“ ја измеша одбраната на Струга ТЛ и постигна гол. Не му можеа ништо ниту тројца противнички играч, едноставно ги навлече на себе и успеа на крајот да погоди во мрежата на Ангелети, откако не успеа од белата точка.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 9. КОЛО:

 

Се вчитува...