Славниот аргентински кошаркар ја заврши кариерата на 44 години

Големиот играч на светската кошарка ја заврши својата професионална кариера. 

Карлос Делфино, човекот кој остави голем белег играјќи за аргентинската репрезентација со која ги освои Олимписките игри во 2004 година, како и бронзениот медал четири години подоцна, ја заврши кариерата на 44-годишна возраст. 

Делфино играше за голем број тимови, остави голем белег играјќи за Фортитудо од Болоња за која играше две години, потоа играше за Детроит, Торонто, Милвоки и Хјустон, играше и за Химки во Евролигата, а во последните години беше во Италија, каде што играше за Пезаро и Бенедето Кјенто. 

Последен пат освои трофеј со Аргентина на 40-годишна возраст кога играше на ФИБА Америка Купот во 2022 година.

Се вчитува...