Црвена Ѕвезда од Белград одлучи да ја прекине соработката со тренерот Јанис Сферопулос. Грчкиот стручњак е при крајот на својот двегодишен мандат на црвено-белата клупа, неофицијално дознава „Моцарт Спорт“.
Но, постои шанса Сферопулос да го води тимот против Фенербахче во Евролигата, доколку не се најде до тогаш идеално решение. Се шпекулира со името на Саша Обрадовиќ, кој до лани го водеше тимот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

