„Дрим-тимот“ на САД има нов селектор

Тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, ќе биде нов селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.

Сполстра ќе го замени Стив Кер на таа позиција, на кого му беше само асистент на Светското првенство минатата година.

Главниот тренер на Хит на тој начин ќе ги предводи Американците на претстојното Светско првенство во 2027 година, и на Олимписките игри една година подоцна.

Сполстра е тренер на Мајами веќе 17 години, со кого двапати беше шампион на НБА (2012, 2013). 54-годишникот имаше чест двапати да биде тренер на Ол-стар натпреварите, во 2013 и 2022 година.

Да потсетиме дека САД освоиле злато на ЛОИ дури 17 пати, додека петпати биле и светски шампиони.

Се вчитува...