Во уште една драма во Белград, Партизан го реши Ефес…, (ВИДЕО)

Во уште една драма, препознатлива добро за „црно-белите“, Партизан славеше против Анадолу Ефес со 93-87 во 4. коло од Евролигата.

Тимот на Жељко Обрадовиќ имаше комплетна контрола на играта и резултатот во првите две четвртина добивајќи ги на полувремето со 55-43. Но, пад во играта на „партизановци“ во третиот период кој му припадна на Ефес со 16-26.

Па, во последната четвртина се влезе со максимално израмнета игра, во која белграѓани сепак беа поснаодливи за конечна победа од 93-87.

Предводник во победата на Партизан беше Стерлинг Браун со 24 поени, а го следеше Бонга со 18 поени и Тајрик Џоунс со 16 поени. Кај Ефес се издвои Кординие со 24 поени и Османи со 21 поен.

Панатинаикос славеше на гостувањето против Басконија со 84-86, а Монако триумфираше на гостувањето во Милано со 79-82.

Се вчитува...