Грчкиот стручњак Јанис Сферопулос се раздели со Црвена Звезда по три последователни порази, а „последната капка“ беше оној дома против Задар во првото коло од АБА лигата.
58-годишникот од Солун нема да остане без работа, бидејќи ПАОК, клубот од родниот град на Сферопулос, поминува низ промена на сопственоста – односно очекуваат доаѓање на богатиот бизнисмен Аристотелис Мистакидис.
Грчкиот „sportdog.gr“ наведува дека милијардерот со британски пасош наведува дека Мистакидис има намера да инвестира повеќе од три милиони евра во реновирањето на салата Палатаки, и дека има слични амбиции како Офер Јанај во Хапоел од Тел Авив – влегување во Евролигата за три сезони.
Како родоначалник на тој проект го гледа токму Сферопулос кој треба да го врати ПАОК во врвот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

