Светислав Пешиќ примен во кошаркарската „Куќа на славните“

Светислав Пешиќ го доби признанието што апсолутно го заслужува откако српскиот стратег беше избран за нов член на „Куќата на славните“ на шпанската кошарка.

Србинот неодамна неславно го напушти кормилото на својата репрезентација по Евробаскет 2025, но тоа не ја намалува неговата тренерска величина. Тој работеше во Џирона, Валенсија и Барселона, со каталонскиот гигант ја освои и Евролигата во 2003 година, а Пешиќ во оваа кошаркарска земја има и две титули во АЦБ-лигата и три во Копа дел реј.

„Неговата работа, посветеност и резултатите оставија длабока трага, а сега се и официјално запишани во историјата на шпанската кошарка. Заслужена чест за кариерата испишана со трофеи, знаење и неуморната страст кон оваа игра“, се вели во соопштението на Кошаркарската Федерација на Србија.

 

Се вчитува...