Партизан по голема борба успеа да слави на гостувањето против Басконија со резултат 79-81, наизглед убедлива победа, но мора да се истакне дека резултатот на две и пол минути до крајот беше израмнет, но финишот мина во знакот на „црно-белите“ од Белград. Со тоа, Партизан ја прекина неверојатната црна серија од 24 години без триумф на гостувањата во Виторија, по неколкуте несреќни порази во овој град во последните евролигашки сезони.
Избраниците на Обрадовиќ делуваа дека се на чекор до сигурна победа кога во 25. минута поведоа со 16 поени (47-63). Басконија успеа да се врати уште до крајот на четвртината, по што се играше егал се до две и пол минути до крајот (77-77). Стерлинг Браун погоди за 77-79, по што блесна херојот на гостите Двејн Вашингтон, постигнувајќи осум поени во низа и носејќи му ја победата на својот тим.
Херојот Вашингтон со вкупно 17 поени беше втор стрелец на Партизан, веднаш зад Карлик Џонс кој имаше одличен дабл-дабл од 18 поени и 10 асистенции.
Многу интересно беше во Париз, каде домаќините по голема битка загубија од Хапоел Тел Авив со минимални 88-89. Париз имаше 88-87, гостите во последниот напад реализираа две слободни фрлања за водство, по што Хифи го промаши шутот за победа за францускиот првак. Отуру имаше 18 поени и 9 скокови, Мициќ реализираше 12 поени за Хапоел, во четвртата евролигашка победа на израелскиот тим во петтото коло од дебитантската сезона од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

