Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше задоволен по победата на неговиот тим на гостувањето кај Басконија со 79-91.
Црно-белите ја забележаа својата прва победа во Виторија по 24 години и шест последователни порази од Басконија.
„Важна победа. Имавме подеми и падови, но успеавме да се избориме. Ова е многу важно поради играчите и луѓето што дојдоа да нè бодрат. Ова беше голем натпревар и тест за нашиот карактер по натпреварот во Мадрид. Игравме интелигентно во одбраната и доволно добро во нападот. Свесни сме дека Басконија има големи проблеми, но ова е Евролигата, прекрасно натпреварување во кое секој може да победи секого. Имаме само еден тим со сите четири победи и тоа ќе докаже дека секој натпревар е многу важен“, рече Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

