Во петтото коло од Евролигата, Анадолу Ефес го пречека Панатинаикос. Грчкиот тим славеше на гостувањето во Турција со 81-95 и со тоа го зазеде водечкото место на табелата. Сепак, една од главните теми на вечерта не беше резултатот, туку сериозната повреда на играч на Анадолу Ефес, Јоргос Папајанис.
Папајанис се обиде да забие и незгодно слета на левата нога, по што веднаш падна на подот и почна да се превиткува од болка. По денешните прегледи констатирано е дека има кинењае на предните вкрстени лигаменти што значи дека ќе ја пропушти сезоната.
28-годишникот пристигна во Ефес ова лето од Монако, каде што ја помина минатата сезона, а претходно играше за Фенербахче и Панатинаикос. Во првите четири настапи во Евролигата оваа сезона, тој имаше просек од 1,8 поени, 3,5 скока и 1,3 асистенции за 16,5 минути по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

