По повод почетокот на новата сезона во Евролигата, легендарниот македонски кошаркар и поранешен прв човек на кошаркарската федерација на Македонија Перо Антиќ зборуваше за „баскетболсфер“ за неговиот омилен клуб Црвена звезда, но и за најголемиот ривал Партизан.
Тој како фан на Звезда имаше само зборови на пофалба за тренерот на најголемиот ривал, Жељко Обрадовиќ.
„Верувам во Жељко Обрадовиќ и многу го почитувам. Знаете дека ја сакам Црвена Звезда, но добра Звезда без добар Партизан не функционира и обратно. Следев дека го доведоа Џабари Паркер и Мика Мууринен. Жељко Обрадовиќ знае што прави, тоа е сè што ќе кажам. Само му треба поддршка, има некои турбуленции, некои натпревари се губат, но јас верувам во неговата работа“, изјави Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

