Кошаркарскиот клуб Паниониос бара нов тренер, а еден од кандидатите е и поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ. Прва желба на Паниониос беше Џанмарко Поцеко, не беше постигнат договор, па сега се насочија кон српскиот стручњак.
„Не можеме да се задржуваме на тоа. Одиме напред за да потпишеме уште подобар тренер“, рече претседателот на Паниониос, Тодорис Микропулос.
Паниониос ја започна сезоната во Еврокупот со резултат 1-2, додека во Грција е со разочарувачки 0-3.
Џикиќ неодамна потпиша нов договор со грузиската репрезентација, која ја водеше до нокаут фазата на Евробаскетот.
Тој претходно беше главен тренер на Олимпија, Крка, Лиетвос Ритас, Партизан, Будуќност, Естудијантес и Хапоел од Ерусалим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

