Трагедија во Италија по кошаркарски натпревар – Убиен возачот на автобусот (ФОТО)

По кошаркарскиот натпревар од втората италијанска лига меѓу  Риети и Пистоја, се случи трагедија. Возачот на автобусот што ги превезуваше гостинските навивачи беше убиен.

Локалните навивачи фрлаа камења кон автобусот, ja скршија шофершајбната и го удрија возачот, кој почина на самото место. Според некои информации, тие фрлале камења и други тврди предмети, а една тула го скршила стаклото и го погодила возачот во глава.

Автобусот се движел од Риеti кон Пистоја, бил под полициска придружба до непосредно пред тоа.

Се вчитува...