Започнува битката за елитна македонска кошарка

Битката за прволигашка кошарка во Македонија започнува денеска со натпреварот помеѓу минатогодишниот прволигаш Вардар и Тетекс, натпревар кој ќе биде одигран денеска со почеток од 18 часот во салата „КК Вардар“.

Почетокот на новата сезона носи и новитет во второлигашката кошарка во Македонија. Овој пат натпреварувањето го носи називот „Прва македонска лига“ и за разлика од минатото, само еден клуб ќе се пласира во „елитата“ на македонската кошарка со оглед на најавеното намалување на Суперлигата на 10 клубови.

Оваа сезона второлигашите се поделени во две глупи и пласман во разигрувањето ќе обезбедат само тимовите кои ќе завршат на првите четири поразии во двете групи.

Во групата „А“ ќе се натпреваруваат екипите на: Охрид, Тетекс ТТК, Мега Баскет, Црн Дрим, Вардар, Младинец, Партизан и Водно Санс.

Во групата „Б“, за што подобар резултат ќе играат екипите на Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Борец Баскет, Соколи 1933, Ролинг Струмица и Овче Поле.

Покрај Вардар и Тетекс во првото коло силите ќе си ги одмерат:

ГРУПА „А“

Мега баскет – Црн Дрим
Водно санс – Охрид

ГРУПА „Б“

Спортисимо – Овче поле
Ролинг – Струмица ФМП
Соколи 1933 – Борец баскет

Се вчитува...