Добри вести за Црвена Звезда пред дуелот со Басконија

Црвена Звезда игра препородено по отказот на Јанис Сферопулос и превземањето на составот од страна на Саша Обрадовиќ. Белграѓани имаат голема шанса да ја продолжат победничката низа на мечот против Басконија на кој ќе ја имаат улогата на фаворит.

А, пред натпреварот добри вести за навивачите на „црвено-белите“ соопшти српскиот стратег кој потврди дека во тимот се враќаат неколку важни кошаркари.

„Се враќа Добриќ. Во тимот ќе биде и Плавшиќ кој се врати уште на натпреварот со Илирија. Имаме два дополнителни кошаркари во ротацијата, но ќе видиме дали ќе можат да помогнат со цел потенцијал“, изјави Обрадовиќ.

На натпреварот кој ќе се одигра во четврток се очекува на теренот да се најде и Изунди кој го пропушти последниот натпревар во АБА поради вирус.

Се вчитува...