Пелистер стигна до првата европска победа во клупската историја откако битолчани во премиерниот меч на домашен терен го декласираа словачкиот претставник Приевидза со резултат 90-83. „Пелистерци“ одиграа импресивно второ полувреме во кое целосно го го издоминираа противникот и си го трасираа патот до победата, најавувајќи дека се решени да се борат за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. Останува да се жали што триумфот не е уште поубедлив ако се знае дека на помалку од пет минути до крајот разликата беше „плус 20“, но серијата грешки беа скапо платени, што може да биде многу значајно во круг на екипи со идентичен скор во групата.
Мечот стартуваше со израмнета битка во која гостите од Словачка сепак имаа контрола над резултатот. Штом проработе шутот од далечина Приевидза се одлепи и поведе со 14-21, по што Даскаловски мораше да побара тајмаут. Одбраната се консолидираше до крајот на четвртината, Пелистер го заврши овој период со 18-22, за на стартот од втората четвртина да намали на 26-27. Словаците имаа расположен шутер во Џо Тусан кој погоди пет тројки во првите 15 минути од натпреварот, гостите поведоа со 33-37, но Пелистер имаше одговор и преку расположение Прајс и Митревски стигна до првото водство на натпреварот (39-37). Битолчани имаа „плус четири“ и напад на минута до крајот, но грешките на американските кошаркари придонесоа македонскиот претставник на одмор со само еден поен предност (41-40).
„Пелистерци“ фуриозно го стартуваа третиот период, погодувајќи четири тројки во првите три минути од четвртината, надополнети со атрактивното забивање под прекршок на центарот Ленгстон Вилсон, по што предноста експресно скокна на 55-46 (24. минута). Малешевиќ погоди тројка за 58-46, гостите за момент спуштија под десет поени, но по тајмаутот на Даскаловски „пелистерци“ се вратија во ритам и со тројката на Крстевски ја завршија третата четвртина со „плус 12“ (68-56).

Американецот Прајс одигра одличен меч, блескајќи и на стартот од четвртата четвртина, носејќи предност од 76-58. Доминацијата продолжи, па со поените на центарот Вилсон „пелистерци“ на помалку од пет минути до крајот за првпат поведоа и со 20 поени позитива (81-61). Тогаш дојде до големо опуштање и серија грешки, Приевидза одговори со серија од 10-0 и во последните две минуннти се влезе со 81-71. Следеше тројка на Тусан, потоа нова загубена топка, по што Словаците со нова тројка амалија нна 81-77 на минута и пол до крајот. Шокот кулминираше кога гостите дојдоа до 81-79, а нивната серија само за момент ја прекина Малешевиќ. Гостите влегоа во ритам и лесно реализираа, па по последниот тајмаут на Даскаловски „пелистерци“ на помалку од минута до крајот имаа „плус два“ и напад (83-81). Малешевиќ презеде одговорност и погоди кога беше најважно, гостите коннечно промашија еден шут, по што Пелистер го приведе мечот до крај, славејќи со конечните 90-83, со тројката со звукот на сирената на Бобан Стајиќ.
Прајс беше одличен со 25 поени, Малешевиќ имаше импресивни 18 поени, 9 скокови и 2 асистенции, додека ценнннтарот Ленгстон Вилсон
Пелистер во третото коло од ФИБА Европа купот ќе му гостува на кипарскиот претставник Керавнос, меч закажа за 29 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

