Официјално: Црвена Звезда му „украде“ засилување на „братскиот“ Олимпијакос

Џаред Батлер е новиот кошаркар на Црвена Звезда, официјално објави клубот од Белград. Она што беше најавено, токму се случи. Поранешниот шампион на НЦАА со Бејлор го облече црвено-белиот дрес и ќе биде одлично дополнување на тимот на тренерот Саша Обрадовиќ.

Батлер има 25 години, висок е 191 сантиметар и игра на позицијата плејмејкер. Се карактеризира со добра игра во нападот, сигурен шут, но и преглед на играта. 

Американецот еднаш беше 40-ти пик на драфтот избран од Њу Орлеанс, а во НБА играше за Оклахома, Вашингтон и Филаделфија.

Тој беше дел од Феникс ова лето, но се раздели со Санс пред почетокот на сезоната и го пронајде својот прв европски ангажман во Црвена Звезда, која објави откако официјално беше завршен договорот околу доаѓањето на Батлер.

Инаку тој пред неколку месеци беше поврзуван со Звезда, но трансферот пропадна па пред неколку дена се шпекулураше за негово заминување во Олимпијакос. Но, српскиот тим реагираше и го ангажираше во своите редови.

Се вчитува...