Кај српскиот судија „криминалец“ најдени 250.000 евра, Евролигата веднаш го суспендираше

Српскиот кошаркарски судија Урош Николиќ заврши во притвор откако денеска беше уапсен како дел од голема полициска акција против „Врачарскиот клан“.

Како што информираат српските медиуми, во домот на Николиќ при претресот биле пронајдени 250.000 евра во готово, по што тој  посочен како еден од главните во ова злосторничко здружување. Евролигата експресно реагираше и преку соопштение објави дека Урош  Николиќ е суспендиран на неопределено време, се додека траат полициските и судските истраги против 40-годишниот арбитар.

Николиќ беше дел од елитната група на судии во Евролигата, па Србинот учествуваше на фајналфор завршниците во ова натпреварување во Келн во 2021 година и во Берлин три години подоцна.

Се вчитува...