Ефектот Обрадовиќ трае: Ц. Звезда со маестрална трета четвртина за пресврт против Басконија! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда продолжуваат со победите по доаѓањето на новиот тренер на клупата на тимот, Саша Обрадовиќ.

Белграѓани вечерва пред своите навивачи ја победија Басконија со 90-72 во 6. коло од Евролигата.

Звезда на тој начин ја продолжи својата триумфална серија од доаѓањето на тренерот Саша Обрадовиќ, а ова беше нејзина четврта победа по ред во Евролигата.

По нерешениот резултат во првото полувреме и многуте маки, домашните одиграа маестрален трет период, добивајќи го со 32-15 и веќе ја најавија победа. Потоа, црвено-белите имаа целосна контрола врз натпреварот и на крајот славеа убедливо пред своите навивачи.

Милер-Мекинтаер со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим во кој Нвора го заврши мечот со 19 поени.

Се вчитува...