Хаос во Белград: „Гробари“ се тепаа меѓу себе – за Александар Вучиќ (видео)

Партизан се посрамоти на теренот губејќи убедливо од Париз, но уште поголема брука беше инцидентот на трибините на белградска „Арена“ , кога дојде до тепачка меѓу две фракции на навивачката група „Гробари“.

Причина, транспарент на трибините со кој се даваше поддршка на студентите во битката што ја водат со актуелната власт на чело со претседателот Александар Вучиќ. Приврзаниците на власта предизвикаа конфликт, тепачката траеше неколку секунди, но се чини дека токму тие го извлекола подебелиот крај во целата ситуација.

Големиот инцидент и видеата од тепачката можете да ги проследите на следниот ЛИНК.

Се вчитува...