Наполи го доби дербито на 8. коло во италијанското првенство славејќи со 3-1 против Интер.
Де Брујне го отвори натпреварот со гол од пенал во 33. минута, но само неколку минути подоцна мораше да биде заменет откако се пожали на повреда на задната ложа.
Предноста на 1-0 за неаполитанците остана на семафорот се до 54. минута кога мрежата ја затресе Мектоминеј за 2-0, но само пет минути подоцна Чалханоглу намали на 2-1 од белата точка. Конечните 3-1 ги постави Ангиса во 66. минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во 82. минута од средбата, но не успеа да го круниса настапот во дербито со гол или асистенција.
Со овој триумф Наполи се врати на првата позиција на табелата со 18 освоени бодови, додека Интер останува на третата позиција со 15.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

