Раководството на Јувентус одлучи да му врачи отказ на тренерот Игор Тудор, по серијата на слаби резултати и вчерашниот пораз од Лацио. Се чека само официјална потврда од таборот на „Бјанконерите“.
Тимот е во серија од три натпревари со порази, со гол разлика 0-4. Јувентус е далеку од првата позиција, а во серија од седум натпревари без победа, што беше јасен сигнал дека Хрватот ќе стане „поранешен“ на клупата на „Старата Дама“.
Според информациите од Италија, помошникот Масимо Брамбиља ќе ја води екипата до наоѓање на нов тренер.
Во италијанските медиуми веднаш почнаа шпекулации за нов тренер. Засега најсериозни кандидати се поранешните селектори на Италија, Роберто Манчини и Лучијано Спалети кои се без ангажмани во моментов. Исто така се споменува и името на Зинедин Зидан, меѓутоа тој чека да се ослободи местоот на Дешамп по Мундијалот во 2026 одина, и да биде селектор на „триколорите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

