Лече промаши пенал, па доби жестока казна – пораз од Елмас и другарите (ВИДЕО)

Наполи дојде до седмиот триумф во италијанска Серија „А“ откако вечерва го победи тимот на Лече со минимални 0-1. Натпреварто можеше да има поинаков исход и тек, ако Лече во 55. минута искористеше пенал.

Домашниот тим доби удар од белата точка, но обидот на Камарда го одбрани Вања Милинковиќ-Савич, а казната стигна на спротивната страна.

На асистенција на Давид Нереш, Ангуиса погоди во домашната мрежа, за триумф на Наполи, и прво место на табелата во Серија „А“.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас беше стартер на овој натпревар, и одигра до 85-тата минута кога беше заменет.

Се вчитува...