Вучиќ: За една седмица му дадовме два милиони евра на КК Партизан

Бурно е во Србија со месеци наназад, а незадоволството се пренесува и во спортските арени, каде се почесто можат да се слушнат жестоки навреди адресирани кон српскиот претседател Александар Вучиќ.

На последниот меч од Евролигата меѓу Партизан и Париз можеше да се проследи и физичка пресметка меѓу два дела од навивачката група „Гробари“, едната што истакна транспарент против Вучиќ, другата што тргна жестоко да го отстрани истиот.

„Не ми е првпат да слушам навреди на моја адреса ниту пак ме изненадува. Вистината е дека вчера му префрливме на Партизан еден милион евра, а пред една седмица истиот клуб доби уште еден милион евра од државата“, прокоментира Александар Вучиќ.

Се вчитува...