Пелистер ги пушти во продажба билетите за новиот европски дуел

Кошаркарскиот клуб Пелистер победнички дебитираше на домашен терен во ФИБА Европа купот, а веќе в среда пред „зелено-белите“ е нов предизвик пред битолската публика, овојпат против хрватскиот ривал Цедевита јуниор.

Билетите за овој натпревар се пуштени во продажба во „ЗИКС“ и можат да се купат по цена од 200 денари. На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.

„Ова е исклучително важен меч, на кој победа ќе значи и задржување на шансите за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. Противникот е квалитетен, а на нашите кошаркари ќе им биде неопходна поддршка од трибините во борбата за овој значаен триумф. Добрите резултати од домашното првенство да ги пренесеме и на европската сцена, тоа го можеме само заедно, со битолската публика како шести играч…

Натпреварот меѓу Пелистер и Цедевита јуниор се игра в среда со почеток во 20 часот. Се гледаме во сала“, објавија од КК Пелистер.

Се вчитува...