Трагичен пораз на ТФТ на две секунди до крајот од Хелиос Домжале

Kошаркарите на ТФТ Скопје загубија во драматичен меч од Хелиос Домжале со 83-84 во АБА-2 лигата.

Низ максимално израмнет дуел победникот се реши во последните минути, и покрај тоа што македонскиот тим водеше на полувремето со 41-36.

Во последната четвртина се влезе во максимално неизвесна завршница, со 72-72 на четири минути пред крајот. Словенците поведоа и со 80-81, па откако Ташовски промаши тројка, по две погодени слободни на Домжале, ТФТ загуби топка, а гостите погодија едно од двете слободни. Гостите изнудија две слободни на 2,7 секунди до крајот, Долничар погоди едно од двете по што дојде триумфот за Домжале.

Говенс со 27 поени беше најдобар поединец кај ТФТ, пред Зафиров со 16 поени, додека кај Хелиос, Долничар имаше 27, а Маловчич 16 поени. Во следното АБА-2 коло, ТФТ гостува кај Широки Бријег.

Се вчитува...