Се поголем е бројот на врвни спортисти од Србија кои гласно говорат против актуелната власт. Политичката криза кулминира откако мајката на една од жртвите во трагедијата во Нови Сад реши да почне штрајк со глад, по што претставниците на власта во „камп“ во нејзина близина секојдневно ја провоцираат неа и граѓаните кои се дојдени да и дадат поддршка.
Поранешната кошаркарска суперѕвезда и екс-селектор на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, е последниот во низата спортски великани кои го критикуваа ваквиот однос.
„Некогаш безрезервно се гордев со својата земја, горд во одбраната на нејзините бои, вредности, историја…. Сега ми е срам од безчувствителноста, поразителната нечовечност што зрачи од темнината на „Чациленд“, напиша Александар Ѓорѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

