Баерн Минхен подготвува еден од најголемите трансфери идното лето. Според информациите, тренерот Винсент Компани го пикирал стоперот на Ливерпул, Ибрахима Конате како ново засилување на екипата.
Францускиот стопер е на „радарот“ на актуелниот, и веројатно идниот германски првак. Тимот наводно планира многу промени во играчкиот кадар, и покрај тоа што сезонава „меле“ се пред себе.
Договорот на Конате со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, а за него има интерес и од други клубови, пред се од Реал Мадрид. Меѓутоа „кралевите“ наводно се поврзуваат и со тнрасфер на Дајот Упамекано токму од таборот на „Баварците“, па затоа веројатно неговата замена ќе биде токму Конате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

