Кошаркарите на БиХ имаат нов селектор

Управниот одбор на Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина го назначи Дарио Ѓерѓе на позицијата селектор на машката репрезентација на Босна и Херцеговина.

Тој ќе го замени Адис Беќирагиќ на таа позиција, кој го напушти тимот по Евробаскетот. Тој  започна својата тренерска кариера како асистент во КК Загреб, кратко време работеше во стручниот штаб на Цибона, а потоа замина во странство, поточно во рускиот Перм.

Ѓерѓе се пресели во Белгија во 2008 година. Ги предводеше Шарлоа и Лиеж, а постигна одлични резултати во Остенде, со кој освои дури 14 титули во белгиското првенство. Моментално е тренер на француски Лимож.

Ја предводеше и белгиската репрезентација на две европски првенства. На последниот Евробаскет како селектор на Белгија, забележа победи против Исланд и Полска.

Се вчитува...