ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
ЕКИПА и „Пресинг“ја имаа честа за гостин во десеттата емисија да ја имаат македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ, големиот ас кој со право го носи епитетот најуспешен македонски кошаркар на сите времиња.
Отворен како и секогаш, Антиќ без влакна на јазикот говореше на најразлични теми, а се осврна и на пролетната офанзива за негова смена. Тој при првиот обид го издржа налетот на тогашниот кандидат Младен Ѓуроски, за нешто подоцна максимално пријателски и спортски да му ја препушти претседателската функција на успешниот бизнисмен Томица Главчев.
Антиќ во „Пресинг“ не го криеше разочарувањето од односот на Ѓуроски во тој период на „бунт“ против раководството на КФСМ.
„Дојде во федерацијата, зборам што се бореше да дојде во пучот со мене, особа која има ски -школа, и што има Бизнис-лига во фудбал, не знае да шутне, не знае да оди со кривите нозе… јас сум јак во партија, јас ќе правам ова, јас ќе правам она…па ги лажат клубовите, јас сум сега најјак… Клубовите поверуваа, ама испадна тој од возот, па ќе прифати нешто помало… Среќа дојде човек од бизнис секторот во кошарката и ја има мојата поддршка… Сепак, дур има такви де…и како тој со кривите нозе, спорт нема да има“, истакна Перо Антиќ во „Пресинг“.
Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

