Басконија како НБА тим: Постигна 71 поен во првото полувреме

Басконија одигра импресивен натпревар за убедлив триумф од 110-91 против Билбао во 8. коло од шпанското првенство постигнувајќи неверојатни 71 поен на полувремето.

Кошаркарите на Басконија постигнаа 12 од 15 обиди за три поени во првото полувреме па имаа предност од 25 поени по 20. минути игра по што штедеа силите за предизвиците во Евролигата.

 

Се вчитува...