Француската кошаркарска федерација потврди дека престојните натпревари против Белгија и Финска во квалификациите за Светското првенство во 2027 година ќе бидат последни за долгогодишниот репрезентативец Ендру Албиси.
Со вкупно 108 настапи – повеќе отколку сите останати 13 кошаркари на листата на повикани играчи за ноемвриските квалификации заедно, сега 35-годишникот ќе стави крај на една долга и богата кариера настапувајќи за репрезентацијата на Франција.
Во репрезентативна пензија Албиси заминува со пет медали освоени на интернационално ниво од дебито во 2010 година. Тој се закити со два сребрени медали на Олимписките игри во 2024 и 2021 година, бронзен медал на Светското првенство во 2019 година и два сребрени медали на Европските првенства во 2011 и 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

