Партизан ќе мора да бара нов тренер откако Жељко Обрадовиќ попладнево самиот си поднел оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на „црно- белите“, пренесуваат белградските медиуми.
Обрадовиќ беше видно исфрустриран по серијата катастрофални изданија на тимот во Евролигата, Партизан наспроти големите амбиции е при самото дно на табелата со скор 4-9, a трофејниот стратег очигледно не најде начин да го извлече најдоброто од оваа група на играчи што тој самиот ги селектираше.
Тој се обиде со критики во јавноста да допре до нив, но ниту тоа не вроди со плод, па по последниот катастрофален пораз од ПАО во Атина, Обрадовиќ реши самиот да се повлече од тренерската функција.
Оставката е веќе поднесена и се чека само официјална потврда од Партизан, па останува да се видат наредните чекори на „црно-белите“, за кои оваа сезона засега е кошмарна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

