ГОЛЕМ УСПЕХ: Македонија играше финале на 3х3 завршниот турнир во Дубаи

Македонската 3×3 екипа во состав Елвис Хот и Амар Хот, односно Карло и Паоло Блажевски се пласираше во големото финале на 3×3 завршниот Ред бул турнир кој се игра во Дубаи.

По одличниот настап во групната фаза нашите баскетџии денеска во четвртфиналето прво славеа против репрезентацијата на Jaпонија 14-9, додека во полуфиналето ја декласираа Молдавија со 21-9.

Во финалето противник на нашите баскетџии беше Египет кој на крајот беше за нијанса посреќен и стигна до триумф од 21-16.

Се вчитува...