Пешиќ: Јавноста го направи Жељко Обрадовиќ многу повеќе отколку што е

Поранешниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ имаше свој коментар за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од кормилото на Партизан, со кој предизвика огромен гнев кај навивачите на „црно-белите“.

На навивачите на Партизан не им се допадна една реченица на популарниот „Кари“ околу ситуацијата во белградскиот клуб, и тврдат дека тоа е непочитување кон легендарниот тренер.

„Јавноста го направи Жељко Обрадовиќ многу повеќе отколку што е“, рече Пешиќ.

На оваа негова изјава, потоа се надоврза:

„Тој е тренер со огромно искуство и знаење. Се надевам дека неговата кариера не е завршена. Тоа е порака и до другите тренери, кога не сте во можност да го постигнете она што го сакате, а сте поставиле цели, тогаш преземате одговорност. Тука сум да помогнам, но време е да се оди во поинаква насока“, изјави Пешиќ, кој додаде дека оставката на Обрадовиќ за него е изненадување.

Се вчитува...