Монако е блиску до договор со ветеранот од НБА, Кори Џозеф (34). Во текот на 14 сезони во најсилната лига во светот, Канаѓанецот играше за Сан Антонио, Торонто, Индијана, Сакраменто, Детроит, Голден Стејт и, минатата сезона, за Орландо.
Со истекот на договорот со Меџик, тој остана без ангажман во Америка, понудите не стигнаа ниту на почетокот на оваа сезона, па Европа одеднаш стана опција за 188 сантиметри високиот плејмејкер од Онтарио.
Џозеф беше дел од генерацијата кошаркари од неговиот роден Торонто што ја донесе титулата шампион во Канада во 2019 година. Поединечно, тој играше најдобро за Детроит во 2021 година кога имаше просек од 12 поени, 3,2 скока, 5,5 асистенции и 1,2 украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

