Басконија останува без најдобриот кошаркар – се сели во Кина!

Шпанскиот евролигаш Басконија веќе во следните денови би можела да остане без својот најдобар кошаркар, Хамид Дијало кој е мета на кинески клуб кој засега останува анонимен.

Дијало веќе е добро познат во кинеската кошаркарска јавност по успешните настапи за Шанхи Лонгс минатата сезона па како „докажан“ играч доби понуда која „не се одбива“ со двојно поголема заработка од онаа која ја има во моментот во Басконија.

Басконија добро ќе заработи од заминувањето на 27-годишниот Америкенец со оглед на тоа што за негов потпис Шпанците ќе добијат и богато обесштетување.

Се вчитува...